еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Пензионерите протестираа пред Владата за повисоки пензии

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, воопшто не сака да разговара за нашето барање – линеарно покачување од 3.500 денари на секој пензионер, истакнаа претставниците на пензионерите кои во текот на денешниот протест беа примени во Владата на разговор со Тренчевска.

Пензионери од повеќе градови од државава денеска на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 септември, протестираа пред зградата на Владата.

Координаторот на иницијативниот одбор на ниво на држава, Драган Огненовски, на протестот истакна дека нивното главно барање е линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

– Бевме примени внатре, ги дадовме нашите ставови, она што го бараме од порано, истите ставови ги повторивме. Баравме резултати од нивната работна група која работи и бараме да се приклучат двајца членови од нашиот иницијативен одбор околу работата на работната група, нагласи Огненовски.

Тој истакна дека наскоро претставниците од Влада ќе излезат во јавност со одлуките што ќе ги донесат, после што пензионерите ќе одлучат дали се задоволни од одлуките. Доколку не се задоволни, ќе продолжат со протести.

–  Им дадовме рок од седум дена да излезат со мерките кои се преземени. После седумте дена ќе почнеме ние понатаму порадикално. Ќе мируваме, ќе чекаме, после тоа ќе се состане координативното тело на сите здруженија и таму ќе се договориме што понатаму, најави Огненовски.

Пензионерите не се задоволни од методологијата со која се пресметуваат пензиите. Тие истакнаа дека таа е сосема погрешна.

– Методологијата е според процентот од трошоците, значи од потрошувачката кошница, и од просечната плата, истакнаа тие и потенцираа дека потрошувачката кошница за сите е иста и за платите на функционерите и за минималните пензии.

Барањето на пензионерите, како што истакнаа, не е шест отсто, ниту 80 отсто од минималната плата, туку 18.000 денари, односно линеарно покачување од 3.500 денари, да се смени методологијата и да нема проценти.

– Понатаму ќе одиме со други барања, членарината да се укине, потоа здравството, погребалното и многу други работи, нагласија пензионерите.

Министерката Тренчевска, завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Афера „Паразити“: ВМРО-ДПМНЕ ги објави платите на директорите на МЕПСО и ЕСМ и на владини преставници во Телеком

Редакција

Внатрешната контрола на МВР констатиралa дека во Прилеп немало непрофесионално однесување

Редакција

Владата ќе испитува, па ќе одлучува дали ќе ја повлече Дардишта од Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција