еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Измените на Кривичниот законик ги доживувам како навреда на сите професионалци, вели Ристоска

Последните измени на Кривичниот законик лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои се вложија, пред се, во борбата против корупцијата, изјави денеска обвинителката Ленче Ристоска, одговорајќи на новинарски прашања по првиот панел од конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.

Според Ристоска, овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, а голем дел од предметите во кои се вложени многу ресурси и енергија веќе застаруваат.

Таа порача и дека кои било измени со кои можеби некој се спасува од кривична одговорност, не ја изземаат од одговорност имотната корист, односно конфискацијата и понатаму останува на сила.

Обвинителката оцени и дека конфискацијата е „полужива“, а за нејзиното спроведување таму каде што се веќе детектирани проблеми, потребна е подобра меѓуинституционална соработка, па дури и политичка волја за измена на некои законски решенија.

-Измените на Кривичниот законик би рекла дека и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протежира во изминатите години. И Обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши.

Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите. Предметите во кои сме вложиле многу и ресурси и енергија веќе застаруваат, голем дел од нив. Барем за предметите по кои јас постапувам, во тек ни е анализа да видиме точно која ќе биде импликацијата од овие измени на Кривичниот законик.

Меѓутоа, самите измени јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата, пред се, против корупцијата, бидејќи овие измени најчесто ќе ги афектираат коруптивните кривични дела, истакна Ристоска.

Во однос на предметите и нивното застарување, таа напомена дека ќе се преземе се за да се извлече максимум од аспект на казнивост.

-Можам да зборувам од моја перспектива и така како јас би постапила, во секој случај ќе преземаме се што може да се извлече максимум. Зборувам за оние предмети каде што веќе е судење. За истрагите кои се во тек и за предметите кои се уште не се на судење, се разбира истрагите ќе опфатат и дополнителни сегменти. За предметите кои веќе се на судење, да, некаде ќе мора да се извршат преквалификации, да се види, да се извлече максимумот од ситуацијата.

И тука единствено би сакала да подвлечам, да не заборавиме дека кои било измени со кои можеби некој се спасува од кривична одговорност, не ја изземаат од одговорност имотната корист, односно конфискацијата и понатаму останува на сила. Најмалку што може да направиме е, во судските предмети каде што имаме можност, да се бориме да се спроведе конфискацијата, потенцира обвинителката.

И кај пресудената конфискација, некаде, рече Ристоска, има проблеми.

-Разбирам дека имаме проблеми во делот на конфискација. Но, јас ја подвлекувам обврската на Обвинителството да направи се што е можно да го обезбеди имотот понатака да се конфискува, имотот во корист на државата, а самото спроведување таму каде веќе се детектирани проблеми, верувам дека треба и подобра меѓуинституционална соработка, па дури и политичка волја за измена на некои законски решенија за конфискацијата да заживее. Да, се согласувам некако ни е полужива во моментов, рече обивнителката.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ реагира, но не ја демантира веста за вработувањето на мајката на Костадинов

Редакција

Рама на “Отворен Балкан“: Пријатели од Македонија не се нервирајте поради Бугарија

Редакција

Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка

Редакција