еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Осветен манастирот на Тоше „Свето Преображение Господово“ во Крушево

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

На осветувањето на манастирот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на својот Фејсбук профил објави дека со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир кој, како што напиша „Тоше го нарекуваше втор дом поради духовниот мир кој го пронаоѓаше во него“, конечно го добива својот целосен манастирски сјај.

„По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, за чија изградба Тоше несебично се залагаше уште од раното детство, па се до последниот ден од кобната несреќа, по која македонскиот народ остана во длабок непребол. Нека му е вечна слава на нашиот Тоше!,“ напиша Спасовски на Фејсбук.

Фото: Спасовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои од нив да се поврзани со „Рекет“

Редакција

Чавков приведен поради страв од бегство

Редакција

Кавадарчанецот кој ја загрози сигурноста на градоначалникот Митко Јанчев оди во затвор

Редакција