еМагазин
Image default
Македонија

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го врати пасошот

Новинарката Ивона Талевска, на државна сметка ја уплатила целата сума од пресудата која ѝ ја изрече судот во предметот за даночно затајување „Тифани“, потврдија од кривичниот суд за „Макфакс“.

Талевска, според пресудата, како физичко лице вратила над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години, уплатила 76 илјади денари за вештачењето на СЈО, 1.000 евра како споредна штета, 2.000 денари судски трошоци…

На осудената Талевска, судот ѝ го вратил пасошот, кој ѝ беше одземен како дел од мерките за претпазливост кои ги побара специјалното јавно обвинителство.

Фото: Фејсбук/Талевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32 лица починаа од Ковид-19, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција

Македонците „навалија“ накај Грција: На Богородица за излез се чека до 30 минути

Редакција

Рекордни 241 нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција