Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза вчера информираа дека членот на Надзорниот одбор (НО), Миле Зечевиќ до Собранието на акционери на Банката поднел оставка од функцијата независен член на НО на Банката на 30.08.2023 година.
-Согласно член 364 од Законот за трговските друштва, по поднесената оставка не се одлучува за нејзино прифаќање. Се смета дека на членот на Надзорниот одбор му престанал мандатот со денот на поднесувањето на известувањето за оставката, во писмена форма, освен ако во известувањето не е наведен некој друг датум.
Во поднесената оставка, Миле Зечевиќ има наведено дека оставката ја дава од лични причини заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани и истата стапува во сила со денот на комплетирање на составот на Надзорниот одбор.
Согласно член 73 од Статутот на Стопанска банка Битола, во случај на предвремено престанување на функцијата на член на Надзорниот одбор, на првата наредна седница на Собранието на Банката се вршат избори за испразнетите места за остатокот односно полниот мандат, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Миле Зечевиќ останува во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола
Во јули од Банката информираа дека неговиот мандат истекол на 16.7.2023 година, но и дека е во тек постапка за добивање на претходна согласност од Народна банка за повторно именување на Зечевиќ за независен член на НО, кој истовремено ја извршуваше и функцијата претседател на НО,
Зечевиќ е генерален секретар на владејачката СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се спојат ли Комерцијална банка и Стопанска банка Битола?
Комерцијална банка разгледува можност за присоединување на Стопанска банка Битола
Владимир Ефтимоски, претседателот на УО продаде акции во Стопанска банка Битола
Фото: СДСМ