еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

За викендот сончево и топло, од понеделник заладување

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од апсењата на ГП „Табановце“, 12 полициски службеници заработија кривични

Редакција

Почина сопственикот на “Аурора Турс“ и на „Аурора Берово“ и “Аурора Козјак“, Славе Сирачевски

Редакција

Бугарските националисти да бидат прогласени за персона нон-грата, бараат од Демократски сојуз

Редакција