еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апел од МВР: Појава на „фишинг“ напади – обид за измама со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени „фишинг“ напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив.

-„Фишинг“ нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Тие имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб – страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката со кој е заразен со вирус.

Овие обиди обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките со препораки за заштита на податоците, при користење на платежни картички на Интернет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крие ли Груби имот: Какво возило пријавил во неговиот анкетен лист

Редакција

Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија

Редакција

Тендер тежок 2,5 милиони денари: Агенцијата за лекови купува три автомобили

Редакција