еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во септември регистрирани 4 случаи на ХИВ и 3 на СИДА

Во септември се пријавени 7 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив регистрирани се 4 нови потврдени случаи на ХИВ и пријавени се 3 случаи со дијагноза на СИДА, стои во билтенот на Институтот за јавно здравство за движењето на акутните заболувања.

-Сите пријавени лица се од машки пол. Две од пријавените лица се регистрирани од Скопје, додека другите 5 се од други градови. Лицата се на возраст од 25-49 години.

Четири од регистрираните лица се хетеросексуалци, две заболени лица се припадници на МСМ популацијата и едно лице е изјаснето како бисексуалец.

Во текот на месец септември не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.09.2023 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023 година, изнесува 627, и тоа: 123 лица починале, а 504 лица живеат со ХИВ/СИДА, стои во билтенот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Бројката на загинати во пожарите во Грција порасна на најмалку 50 и уште ќе расте

Редакција

Полицијата пронајде 1.000 монети со археолошка вредност кај поранешниот градоначалник на Кавадарци, тој вели ги собирал од дете

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција