еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Поделба во ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го каже ли Никола Груевски својот став за референдумот?

Како што се наближува 30 септември, ден кога во Македонија ќе се одржи референдум за прифаќање на Договорот за промена на името на државата во Република Северна Македонија и зачленување во ЕУ и НАТО полека се кристализира двојната игра на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа дали да се излезе на гласање или да се бојкотира референдумот.

Имено, по повикот на лидерот на партијата Христијан Мицковски граѓаните по сопствено убедување да одлучат како ќе постапат на референдумот, дваесетина пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи изразија став дека ќе го бојкотираат гласањето.

Впечатливо е што истакнати пратеници од оваа партија се уште молчат по ова прашање, а еден од нив е и поранешниот лидер на партијата и премиер Никола Груевски, кој е невообичаено тивок во овој период.

Меѓу приврзаниците на партијата и воопшто во јавноста кружат гласини дека власта предводена од СДСМ веќе има обезбедено доволен број пратеници во Собранието за да се изгласаат потребните уставни измени кои се предвидени со Договорот со Грција.

Сепак, останува времето да каже дали станува збор за шпекулација или пак реални тврдења.

Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Тодоров: Нема да го бојкотирам референдумот, но ќе го направам гласачкото ливче неважечко

Јохан Тарчуловски: Ако гласам за уставните измени, нека бидам убиен

Трајко Вељаноски ќе го бојкотира референдумот за името и нема да ги подржи уставните измени

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласат за уставните измени предвидени со договорот со Грција

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тутунски комбинат Прилеп со нов Одбор на директори

Редакција

„Делта-пром инг“ го доби тендерот на општина Велес за реконструкција на водоводни и канализациони линии вреден 613.000 евра

Редакција

Кирил Лазаров нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Редакција