еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се подготвува застареност и на предметот за уривањето на „Космос“, вели Цаноски за „ТНТ“

Бизнисменот Фијат Цаноски на прес-конференција изјави дека се подготвува застареност и на предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“, а чиј што инвеститор е неговата компанија „Фине Скопје“.

„Судијата известител и претседател на советот, Ѓоко Ристов место да постапи согласно одредите од Законот за кривична постапка (ЗКП) за предметот, да закаже интерен термин за советување и гласање по предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи, тогаш советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „Фине“ засекогаш да остане без својата оштета од 11 милиони евра,“ рече тој.

Цаноски се осврна и на изминатите години во кои и покрај сите случувања против него и неговиот бизнис, тој и натаму продолжил да вложува во оваа држава, при што објектот „Космос“ се изгради повторно со нови вложувања.

„Знаеме дека правдата е слепа. Свесни сме дека станува збор за организиран криминал со цел да застари предметот. Но, доколку тоа се случи, во што искрено не сакаме да веруваме, ние ќе се обратиме со сите институции, амбасади и надлежни институции“, истакна Цаноски.

Според обвинителниот акт поднесен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), во временскиот период од 01.04.2011 година до крајот на 2012 година во Скопје, обвинетиот Никола Груевски, во својство на премиер на Владата и обвинетиот Миле Јанакиески, тогашниот министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Фиат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ, ја напуштил коалицијата со политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со опозициската политичката партија СДСМ, искористувајќи ја нивната реална моќ со умисла го поттикнале обвинетиот Тони Трајковски, тогашен градоначалник на Општина Гази Баба, да стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” и да тој ја искористи својата службена положба и незаконски да го сруши станбено-деловниот објект „Космос“ што бил граден од оштетениот – инвеститорот Цаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација: Постапувањето по предметот ТНТ е во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законите што не ги потпиша Иванов денеска повторно пред пратениците

Редакција

Дебата на СЕММ: Поинтензивна граѓанска вклученост во медиумската саморегулација

Редакција

Црквите и џамиите да се затворат поради коронавирусот: Верниците можат и дома да се молат

Редакција