еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ пред застарување, Груевски и Јанакиески ќе се спасат и за овој случај

Уште еден случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, „ТНТ“, кој се однесува на рушењето на објектот „Космос“ е пред застарување поради измените на Кривичниот законик.

На денешната јавна седница на скопскиот Апелационен суд, одбраната на обвинетите во случајот побара Судот да донесе одбивателна пресуда на првостепената, поради апсолутна застареност на делото.

„Врз основа на решението за исправка на првостепенеата пресуда побаравме јавна пресуда по која Апелациониот суд мораше да одржи седница. Побаравме судот да утврди согласно измените на предлог од жалбата со која се бараше да се укине првостепената пресудата и тоа го преиначивме, со тоа што побаравме согласно Законот за кривична постапка (ЗКП) да се утврди апсолутна застареност во однос на сите обвинети а истото тоа го побара и застапникот на обвинението“, изјави Еленко Миланов, адвокатот на еден од обвинетите, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Со првостепената пресуда поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство доби девет години затвор, Јанакиески три години и четири години доби поранешниот градоначалник на скопската Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Тие беа обвинети за рушењето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски во 2012 година.

Затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, додека три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда.

Сите се товареа за „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација: Постапувањето по предметот ТНТ е во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка

Се подготвува застареност и на предметот за уривањето на „Космос“, вели Цаноски за „ТНТ“

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционерите и нивните блиски под лупа на банките: Нови правила за политички изложените лица

Редакција

(Галерија) Компанијата ПерпетууМобиле прослави 25 години постоење

Редакција

18-годишно момче го украло возилото на Итна помош во Кочани

Редакција