еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Застаре и „Топлик“, Јанакиески повеќе нема да биде гонет за случајот

Застре уште еден случај на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), „Топлик“.

Од Основниот кривечен суд во Скопје денеска информираа дека јавниот обвинител се откажува од кривично гонење на обвинетите во случајот поради застареност на делото кое настана поради измените на Кривичниот законик.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја слeдат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната прва главна расправа за предметот со КОК бр.161/23, од Обвинителството означен како „Топлик“, по неговото враќање на повторно судење од Второстепениот суд, јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело кое им се става на товар на обвинетите: М.Ј., Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т. од член 353 став 5 во член 353 став 4, а во правец на измените на Кривичниот законик.

Врз основа на тоа јавниот обвинител се откажа од понатамошно гонење на обвинетите заради настапена застареност во смисла н ачлен 352 од ЗКП, за што судот по писмено изготување на соодветни решенија, истите ќе ги достави до странките, велат од таму.

Случајот „Топлик“ се однесува на продажба на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.

Првообвинет беше поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на „Сончев град“, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. 

За злоупотреба на службената положба и овластувања, беа обвинети уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски, Јанакиески, Пешевски нема да одговараат, застаре и случајот „Траекторија“

Застаре и „Змиско око„, судењето траеше 16 години, обвинетите ќе бараат максимална оштета од државата

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, изречени 412 казни за неносење маска

Редакција

Државните ревизори откриваат дека СДСМ преку правна постапка си го бара наследството

Редакција

Мобилна болница со 130 кревети ќе се постави до Клиниката за инфективни болести

Редакција