еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Столтенберг денеска во Македонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Во посета на Македонија денеска и утре ќе биде генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Во земјава доаѓа во рамките на неговата мини турнеја на Балканот.

Поради неговата посета во Скопје денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим.

– Во вторник и среда (21 и 22. ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, информираа од МВР.

Фото: НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пронајдени црни шорцеви на плажата Катерини, постои сомнеж дека се на Мартин

Редакција

Вархеји: За Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата која помина многу црвени линии

Редакција

Ќе се воведе ново кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“

Редакција