еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска почнува Божиќниот пост

Од денеска почнува Божиќниот пост кој трае до 7. јануари, кога се прославува Христовото раѓање.

Иако Црквата има одредено општо правило како се пости овој пост, сепак на секој верник духовникот му одредува како да го држи постот, за кој треба да си добие и благослов.

„Постот е време во кое треба да практикуваме воздржание од секое зло, злото кое дејствува во нас, од сопствените страсти, гревовите кои дејствуваат во нас. Време кога треба да ја јакнеме својата самодисциплина и најважно, тоа е време благорпијатно, богоподарено во кое ние треба да се трудиме да се конектираме и општиме со Бога, нашиот спасител Господ Исус Христос, бидејќи токму тоа е и целта на нашето суштествување, соединувањето и станувањето едно со Бога, или како што го нарекуваат тоа обожение, охристовување.

Значи постот е патувањето од изгнанството на богооставноста до соединувањето, до нашето лично воскресeние, до нашата полнота на општење со нашиот спасител Господ Иус Христос. И тоа е навистина време во кое имаме благодат и сили од Бог да се самоиспитувме, и како што кажав, да се соединуваме со Богам,“ изјави во една прилика архимандрит Кирил од Бигорски манастир, во интервју за еМагазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Разговор со јеромонах Кирил за духовната страна на Велигденскиот пост: Да постиме пред сè, од злото во себе

Фото: eMagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ денеска бира ново раководство: Во партијата се враќаат старите кадри Игор Ивановски и Андреј Петров?

Редакција

Кои се кандидатите: Почна изборот на нови членови на Антикорупциската комисија

Редакција

Надзорниот одбор денеска не ги разреши директорите на М-НАВ, седницата продолжува утре

Редакција