еМагазин
Локално

Гори приемното одделение во затворот Идризово

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.

Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории.

Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украдени „Порше“, „Мерцедес“ и „БМВ“ од автосалон во Скопје

Редакција

ЈСП: Од утре нема бесплатен превоз за пензионерите

Редакција

Кумановец „се послужил“ со пронајдена платежна картичка

Редакција