еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Родилка од Делчево почина на КАРИЛ, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Родилка од Делчево, ноќеска починала на КАРИЛ во Скопје, потврди за државната агенција МИА директорката на КАРИЛ, Маја Мојсовска.

Родителката е донесена во лоша здравствена состојба.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев потврдува дека вчера после 10 часот родилката од Делчево била донесена во штипската Болница. Веднаш на Одделението за гинекологија и акушурство и бил извршен итен царски рез, по што во попладневните часови родилката заедно со новороденчето биле хоспитализирана во Скопје, каде во текот на вечерните часови починала.

Новороденчето се наоѓа на Детската Клиника во Скопје, потврди за МИА, директорката Стојка Нацева-Фуштиќ. Таа посочи дека детето е на интензивна и е на механичка вентилација.

-Родено е со низок апгард, апградот значи на раѓање страда детето, штом е со ниски витални функции на раѓање, вели Нацева-Фуштиќ за МИА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заболени здравствени работници во Македонија порасна на 57

Редакција

Твитер ја „подбра“ Владата: „Ајфон е за богати, а на богатите не им треба поврат на ДДВ“

Редакција

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески

Редакција