Се уште не е јасно зошто триесет и девет годишниот вработен во Македонска навагација (М-НАВ), Б.П., кој беше нападнат пред неколку дена, сакал да излезе од Македонија, па беше приведен на граничниот премин Долно Блаце на излез од државата, зошто се уште немал дадено исказ во Јавното обвинителство за нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападнатиот во М-НАВ бил приведен на Блаце, пуштен е откако дал исказ
Потоа тој даде исказ пред јавен обвинител, па беше пуштен.
Неговиот исказ е од клучно значење за расчистување на инцидентот во М-НАВ, а медиумите објавија дека е од албанска етничка припадност, од која се и неговите напаѓачи, кои во објектот на М-НАВ ги внесе функционерот на владејачката ДУИ, Беким Незири, кој работи како советник во државното Друштво.
Логично е да се постави прашањето, дали тој сакал да излезе од Македонија, бидејќи се плашел за својата безбедност, имајќи го предвид фактот што четворицата осомничени за нападот, кои се достапни за органите на прогон, не добија притвор, или пак само сакал да отпатува за празниците.
Четири лица кои беа дел од нападот и упадот во М-НАВ се уште се недостапни за органите на прогон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И поранешен фудбалер кој е во бегство меѓу напаѓачите во М-НАВ
Фото: Влада