Комисијата за заразни болести денеска препорача задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица.
Засега други мерки не се планираат, иако наредната недела почнува учебната година.
„Во моментов нема ризик дека нешто специјално страшно ќе се случува и затоа е тоа потсетување на хигиенските мерки, на проветрувањето. Во моментот нема потреба од нешто посериозно,“ изјави денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.
Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
45-годишна жена почина од грип, шести починат пациент во последните недели
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.