еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сите годишни времиња до крајот на неделата

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст.

Промена на времето ќе има во сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе дува засилен северен ветер и ќе има врнежи кои на повеќето места ќе бидат од снег. Се очекува и формирање на снежна покривка и во некои пониски места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Редакција

(Видео) Босански лекар од Италија: Војна преживеав вакво нешто немам видено, корона вирусот го „јаде“ ткивото на белите дробови

Редакција

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Редакција