еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

28-годишен скопјанец во Ново Лисиче ја убил баба му

На 18. јануари 28-годишен скопјанец во скопско Ново Лисиче ја убил баба му, информираа од Јавното обвинителство.

-Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18. јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба.

Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почина познатиот италијански пејач Тото Кутуњо

Редакција

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

Редакција

Јавен превоз има, вработените на ЈСП ќе ги добијат платите

Редакција