еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нападнат директорот на Алијанса за Албанците, Небиу, оти му дал подршка на Села

Несогласувањата во владејачката Алијанса за Албанците (АА) помеѓу лидерот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села преминаа и во физичка пресметка.

Синоќа е нападнат кадарот на АА, Дритон Небиу, кој е директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Инцидентгот се случи по прес-конференцијата на Села, кој е претседателот на Централното собрание, зад кој отворено застана Небиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?

Тој бил нападнат додека со семејството вечерал во тетовски ресторан, а инцидентот го потврди и полицијата.

„Вечерва во 19.40 часот во СВР-Тетово било пријавено дека во угостителски објект на улица ‘Маршал Тито’ во Тетово Д.Н. бил физички нападнат од К.О. од Тетово“, информираа од СВР-Тетово.

Телевизијата Клан Македонија објави дека нападот го извршил Кренар Османи, подржувач на Таравари, а информацијата за Клан Македонија ја потврди и самиот Небиу.

„Да, веста е точна, ме нападна Кренар Османи“, вели тој за телевизијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè освен Села и Таравари е дел од Претседателството на АА

Села: Алијанса за Албанците не е на пазар и не се продава, оди сама на избори

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Фото: Фејсбук/Небиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ставот на Владата за преговарачката рамка е билатералните прашања да се решаваат билатерално, тврди Ковачевски

Редакција

Унилатералната изјава е политичка изјава на МНР, тврди Османи

Редакција

Го прекрши ли Бугарија повторно Договорот за добрососедство со преименувањето на 24. Мај?

Редакција