Министерството за внатрешни работи соопшти детали за куршумот кој беше најден во дворот на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во Гостивар.
Од таму информираа дека денеска во 09:34 часот, Ј.Ј.(42) од Гостивар во СПБ-Тетово пријавил дека пред влезната врата од куќата на А.Т. (50) во Гостивар бил пронајден еден куршум од автоматско оружје калибар 7,62 милиметри.
Увид извршила екипа од СПБ Тетово – Сектор за внатрешни работи Гостивар, а пронајдениот куршум е фотодокументиран и испратен на вештачење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.