еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Врховен ги потврди казните на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Врховниот суд ги потврди казните на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години затвор, второобвинетата Клементина Лефковска исто така на 18 години затвор, а третообвинетиот Андреј Костовски, на 16 години затвор.

-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, по предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда КВП2-101/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осуденитe А. Ѓ.,  К.Л. и А.К. против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1768/22 од 30.11.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-224/23 од 05.06.2023 година, ги одби како неосновани, информираа од Судот.

Претходно и Апелација ги потврди казните на сите осудени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За 2.000 жени дождот не беше пречка: Се истрча 10. јубилејно издание на Авицена Женска трка

Редакција

Новиот концепт за образованието помина на Влада: Историја се спојува со општествени науки, а албански јазик ќе биде изборен предмет

Редакција

Просветната работничка од Непроштено, Богдановска го победи коронавирусот и даруваше крвна плазма

Редакција