еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст на продажбата од 24% и 3 милиони инвестиции: Што стои во бизнис планот на Реплек

Реплек АД Скопје преку Македонската берза го објави Бизнис планот за 2024 година.

Бизнис планот за 2024 година предвидува неконсолидирани продажби во износ од 1.910.018 денари (31.057.218 евра), што претставува 24% раст во однос на реализираните во 2023 година.

-Во рамките на стратегиските цели, Реплек предвидува структурирање на вкупните приходи од продажба така што три четвртини произлегуваат од извозната активност, додека една четвртина се реализира на домашниот пазар.

Оваа стратегија ја потврдува целта на Друштвото за засилување на своето меѓународно присуство и истовремено одржување на силна позиција на локалниот пазар, велат од таму.

Година Реплек ќе се фокусира на консолидација на постоечките пазарни позиции и активно таргетирање на нови стратегиски партнерства.

-Оваа двојна стратегија предвидува зголемување на приходите од 1.421.219 денари (23.109.245 евра), и годишен раст од 17.1% во споредба со 2023 година, велат од таму.

За 2024 година, бизнис планот на Реплек предвидува продолжување на растот на приходите, со проектиран износ од 488.800.325 денари (7.947.973 евра), и годишен раст од 47% во споредба со 2023.

-Проектираниот финансиски план се заснова на стратегијата за продолжување на експанзијата на продуктното портфолио, зголемување на маркетинг и промотивните активности, и воспоставување на нови партнерства со дистрибутери и добавувачи на македонскиот пазар, посочуваат од таму и повлекуваат дека Бизнис планот за 2024 година се базира на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни на компанијата во моментот на изготвување на планот.

-Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати може да варираат од прикажаните во овој план, велат од таму.

Компанијата и годинава продолжува со значителни инвестиции во технолошки напредок и оптимизација на производствените капацитети.

-Првиот блок од инвестициониот план вклучува имплементација на системи за серијализација и современа опрема за пакување, додека вториот се фокусира на модернизација на објектите и подобрување на работната средина.

Вкупната сума на планирани инвестиции за 2024 година изнесува 3.000.000 милиони евра, што ќе придонесе кон засилување на конкурентноста и остварување на водечка позиција на пазарот.

Во рамките на бизнис планот за 2024 година, Реплек посветува посебно внимание на развојот на своите вработени. Со планирани значителни инвестиции во образовни и развојни програми, Реплек се стреми кон зголемување на задоволството и мотивацијата на вработените, што ќе придонесе за континуиран успех на компанијата, велат од компанијата.

Планот можете да го погледнете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реплек оствари 42% раст на приходите од продажба, годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари

Владимир Пецовски и Коста Котески купија акции во Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија пред нова арбитража: Владата бара адвокати да се брани од милијардерите Бинани

Редакција

Владата ќе ги награди матичните лекари со 30 денари по пациент, доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација

Редакција

Ковид-тестови за патување од утре ќе бидат достапни на аеродромот Св.Апостол Павле Охрид

Редакција