еМагазин
Бизнис

Пад на цената на струјата за 4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото полугодие на 2018 година, во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 4.773 денари по KWh, што претставува пад од 4 % во споредба со второто полугодие на 2017 година.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3. 355 до 7.603 денари по KWh по групи потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16.269 до 20.616 денари по nm3 по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 33.247 денари по nm3.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Топ пет акции со најголем пораст и пад на вредноста

Редакција

Раст на депозитите и кредитите во првиот квартал годинава

Редакција

Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Редакција