еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Референдум за името: Како се бројат гласовите

Денеска во Македонија се одржува референдум на којшто граѓаните треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Како се одвива процедурата за броење на гласовите?

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до општинската изборна комисија (ОИК) во рок од три часа по завршувањето на гласањето. ОИК потоа сумираните резултати од гласањето и составените записници ги предава во Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием.

ДИК конечните резултати од референдумот ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

ДИК ги објавува резултатите од референдумот во Службен весник во рок од 15 дена од денот на одржувањето.

ДИК поднесува извештај до Собранието на РМ за спроведениот референдум на државно ниво во рок од три дена од денот на одржувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Референдум за името: Кој се може да гласа?

Македонија гласа за промена на името и членство во НАТО и ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција од денеска се подготвува за ново невреме кое ќе трае до среда

Редакција

Поради пожар затворена за сообраќај обиколницата кај Битола, лесно повредени двајца пожарникари

Редакција

(Фото) Бектеши потврди дека му пратил порака на охридскиот началник, ја објави пораката

Редакција