еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и потпреседателот Николоски нема да гласат на референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа на референдумот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори дека тоа нема да се случи.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор“, изјави Стоилковски.

Тој додаде дека Мицкоски е против промена на името и против договорот кој е за понижена Македонија.

„Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес„, рече Стоилковски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ очекува власта да го почитува евентуален неуспешен референдум, Стоилковски одговори дека законот е јасен што значи успешен референдум.

„Доколку согласно закон излезат над 900 илјади гласачи од кој повеќе од половина би гласале за договорот тоа би преставувало волјата на народот која мора да се почитува, но воедно секој резултат под овој законски минимум ќе преставува неуспех за власта и неприфакање на договорот, но воедно и обврска власта да ја почитува волјата на народот и да се повлече од договорот„, рече Стоилковски.

На референдумот нема да гласа и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Од прогласувањето на независноста на Република Македонија сметам дека денес е најбитен ден за опстојот на Македонија. За мене е лично понижување, газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не. Нема цена што може да е компензација за преименување на мојата татковина. Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапаметени до сега. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија!„, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На референдумот гласаа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев и пратениците Рангелова и Данев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски

Редакција

Запознајте го Гислан Кутар, францускиот автомеханичар кој стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“

Редакција

Во Прилеп и Пласница по еден, во Долнени уште двајца новозаразени со коронавирусот

Редакција