еМагазин
Image default
Македонија

Во МВР било пријавено фотографирање на гласачи на неколку избирачки места

МВР информира дека на избирачко место бр.2539/1 во ОУ „Његош“ во Колонија, пријавено е дека М.С. (55) го фотографирал своето гласачко ливче. Известен е јавен обвинител, a M. С. е во полициска станица за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи. За настанот известен е јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Се работи на расчистување на случајот.

Во ПС Кочани, М.С. (54) од Кочани пријавил дека пред гласачко место бр. 852, пред Домот на културата во Кочани, од страна на непознато лице, бил навредуван бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за Т. Н. од Кочани и тој е повикан на разговор во ПС Кочани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телевизиите зачудени што АВМУ ги потсетува како да се однесуваат со платените реклами

Редакција

Влада: Да се одложат хируршките интервенции каде што постои можност и посетите на специјалист

Редакција

Нови пунктови за масовна вакцинација ќе има во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово

Редакција