еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Вработени во НП Шар Планина оделе пеш 90 минути за да го гасат пожарот со метли и лопати

Во пожарот на Шар Планина викендов изгорела површини од вкупно 170 хектари, информираа од Националниот парк (НП) Шар Планина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожарот над тетовското село Вешала е локализиран

Од таму велат дека 10 вработени во Паркот оделе 90 минути пеш за да стигнат до пожарите за да се интервенира со метли и лопати, посочувајќи дека како единствена служба која се грижи за справувањето со пожарите во Паркот, цела Шар Планина, од Јажинце до Национален парк Маврово, располага само со неколку метли, лопати и напртњачи.

Поголем дел од изгорената површина или 70% е приватно земјоделско земјиште, мали парцели под приватни шуми, а остатокот е високопланинско пасиште, сопственост на Македонија.

Според евиденцијата на Управата на Паркот лани имало 12 пожари, а од почетокот на оваа година до сега, веќе има 10 пожари.

-Овие бројќи укажуваат на два проблема, и тоа промената на климата но и однесувањето на луѓето. Пожари имало и ќе има но во променети временски услови треба да ги адаптираме практиките на живеење. Пролетното и есенското чистење на отпадоците и палењето на пасиштата во услови на сува вегетација поради благите зими и намалени количества врнежи имаат катастрофални последици и за луѓето и за природата.

Цената по човечкиот живот и загубата на природата и биодиверзитетот немаат вредност. Во вчерашниот пожар жителите на Вешала изгубија вредни приватни имоти, прекрасна букова шума, поподложни се на поројни поплави и ерозивни процеси, изгубија и вредни собиралишта на смреки и боровинки, велат од таму.

Фото: Фејсбук/НП Шар Планина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија да ги направи ветените уставни измени, велат од ЕК, од каде жалат за неупотребата на уставното име

Редакција

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчес позитивна на корона вирусот

Редакција

Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Редакција