еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за еден денар

Центата на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,75 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени 5.200 акции од ТТК Банка за 6,6 милиони денари

Редакција

Од 23 со лиценца, 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови за работа

Редакција

1.349 службеници кои земаат плата, а не одат на работа, ќе бидат распоредени во 237 институции

Редакција