Од Прилепска пиварница АД Прилеп во Годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, информираат дека на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата минатата година им се исплатени вкупно 30.722.162 денари бруто, за плати и надоместоци.
Надзорниот одбор (НО) го сочинуваат тројца членови. Александар Чатлески (дипломиран економист), Методија Самарџиоски (дипломиран технолог) и Александар Димитријески (дипломиран технолог). Независен член на НО е Димитријески.
Управниот одбор (УО) го сочинуваат седум членови: Сашко Самарџиоски, генерален директор и претседател на УО (дипломиран економист), Панде Самарџиоска, заменик генерален директор (дипломиран технолог), Коста Мијоски (дипломиран електроинженер), Димитар Тодороски (дипломиран технолог), Јане Ангелески (дипломиран електроинженер), Владимир Блажески (дипломиран инженер по информатика), Катерина Митреска (дипломиран економист).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилепска пиварница ќе дели дивиденда од 1.111 денари бруто по акција
Прилепска пиварница по третпат купи 100 сопствени акции
Прилепска пиварница ја дуплираше добивката