Скопски пазар АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил вкупни приходи од 66.198 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година истите бележат намалување од 41%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Вкупните приходи се од тековното редовно работење на компанијата.
Скопски Пазар за периодот јануари – март 2024 година оствари загуба од 5.559 илјади денари.
Вкупните расходи изнесуваат 71.757 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 11%. Зголемувањето на вкупните расходи се должи на зголемување на оперативните расходи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари за плати и надоместоци му се исплатени на менаџментот на Скопски пазар лани
Скопски пазар годинава планира да го заврши новиот деловен комплекс со покриен пазар во Драчево
Скопски пазар лани работел со добивка