еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иџет Мемети остана без пасош поради случајот со поткуп

Членот и потпретседателот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, второосомничен за случајот со поткуп, во кој првоосомничен е врховниот судија Наке Георгиев, остана без пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мемети, второосомничениот во случајот со поткуп, Обвинителството бара мерки на претпазливост

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на Мемети денеска му определи мерки на претпазливост.

-На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница, како и забрана за издавање нова.

Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, информираа од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 4.104 деца убиени во Газа, на секои 10 минути се убива по едно

Редакција

(Фото) Тактилни слики за лицата со оштетен вид во „Спомен куќата на Тодор Проески“: Затоа што Тоше е чувство

Редакција

(Галерија) Како изгледаат дизајнираните дела од оризов отпад: Чекор понапред кон циркуларната економија

Редакција