еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Самитот во Швајцарија, Македонија даде поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Македонија е помеѓу 80. држави кои дадоа поддршка на територијалниот интегритет на Украина на Мировниот самит, кој се одржа во Швајцарија.

На Самитот беше усвоена декларација со која Русија е целосно обвинета за уништувањата и страдањата во Украина, зад која застана и Македонија.

„Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир. Како суверена нација, само Украина може да одлучи за својата иднина.

Од Украина зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение. Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на ОН за суверенитет и територијален интегритет,“ изјави во своето обраќање на Самитот, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Во декларацијата се вели дека „територијалниот интегритет на Украина мора да биде основа на секој мировен договор за ставање крај на војната, а дијалогот меѓу сите страни ќе биде неопходен за трајно решение на конфликтот.“

Во него се бара и ослободување на сите воени заробеници преку сеопфатна размена и враќање во земјата на сите украински деца кои се депортирани и нелегално раселени.

Индија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Тајланд, Индонезија, Мексико и Обединетите Арапски Емирати не застанаа зад декларацијата.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претставен планот за вакцинација против Ковид-19: Дневно до 2.500 лица, приоритет ќе имаат здравствените работници

Редакција

Новиот данок за личен доход ќе ја дотепа Македонската берза

Редакција

Вози Мерцедес бенц и има два високи кредити: Каков имот пријавил министерот за здравство Меџити

Редакција