Идниот македонски премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на седницата за избор на нова влада најави дека економијата ќе биде главниот фокус на идната влада.
Во своето експозе најави намалени даноци и зголемени пензии, раст од 5% на бруто-домашниот производ (БДП), годишна инфлација од 2 – 2,5%, намалување на невработеноста на 7%, зголемување на платите, врајќање на довербата во институциите, завршување на процесот на децентрализацијата, посебен фонд за врвна наука, реновирања на училишта, инвестиции во здравството и нови болници, поголема заштита на културното наследство, промоција на здрав начин на живот…
„Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена.
Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра“, рече меѓудругото Мицкоски.
Тој најави и градење на добри односи со соседите и усогласување на националните политики со европските стандарди.
„Продолжуваме со партнерите од ЕУ и ќе ја усогласуваме надворешната политика. Продолжува поддршката за Украина да го одбрани националниот интегритет и суверенитет“, рече Мицкоски.
На опозицијата, која смета дека програмата на новата Влада е манипулитивна и различна од предизборната и подаде рака, ветувајќи дека ќе разговара со нејзе за сите важни прашања.
„Ќе се однесувам со должна почит кон вас, да не очекувате политички хајки, но ќе има одговорност за секој криминал“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски заклетва ќе даде со уставното име
Излагањето на Мицкоски очекувано предизвика голем интерес во грчките медиуми, заради уставното име, кои изброеја дека тој трипати кажал Македонија, оценувајќи дека се работи за нова провокација.
Со реакција се јави и грчката опозициска партија СИРИЗА која го повика грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да преземе дејствија за новото прекршување на Договорот од Преспа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зборува и италијански: Кој е Христијан Мицкоски, кандидат за премиер на Македонија
Фото: Собрание/видео: ВМРО-ДПМНЕ