еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонски сеир: Твитер и Фејсбук зовреа по пресудата за Никола Груевски

Илјадници честитки, емотивни и досетливи коментари и постови можеа да се забележат на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук откако вчера Апелацискиот суд ја одби жалбата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ја потврди пресудата од две години затвор која му ја изрече Кривичниот суд за набавката на луксузниот мерцедес вреден 600 илјади евра.
Ви пренесувеме дел од нив:

„Ж ќе го ставеле во иста ќелија со Бучко“.

„Ај, за мноооогу годиииини неееека е Никола, Николааааа, Николааааа….“

„Доктор на науки се става ли во затвор?Немате бе никакво поштовање за наука, образование МАНУ!“

„На 5 октомври 2000 падна Милошевиќ. На 5 октомври 2018 падна Груевски. Коинциденција? Не би рекол!“

„Ова со #Ж и мерцедесов после све што направи ми е исто ко Хитлер да го осудиш пошто поминал улица на црвено.“

„Како Грујо ќе избегне затвор прашувате? Извршувањето на затворската казна ќе се одложи на одреден рок и во меѓувреме Врховен ќе одлучи да ја укине пресудата и ќе го врати на повторно судење. Повторно судење нема да има затоа што ќе застари делото. И така драги гледачи“.

„Не е Грујо најголемиот лузер во Македонија, тоа сме сите ние“.

„Уништува животи 11 години, ја краде цела држава, мести избори, мести тендери, руши и уништува фирми, репресира народ, за денес цел ден да плаче дека некој му прави политички прогон. А само требаше да го прочита Кривичен законик“.

Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За осум дена ќе се знае дали Никола Груевски ќе стане првиот премиер-затвореник

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Апелација потврди: 2 години затвор за Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Редакција

(ВИДЕО) Апел за итна помош: Голем пожар во близина на Пехчево

Редакција

Македонската енергетска асоцијација бара навремени мерки, за да се спречи недостигот на струја

Редакција