еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Индивидуална, а не колективна одговорност, бара претседателката на Советот на јавни обвинители Димитриевска

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска по најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност.

„Во секој случај може да предизвика штета со оглед на тоа што институциите мора да го имаат својот континуитет, мора да се работи на подобрување на законските решенија онаку каде што се гледа дека има одредени проблеми. Меѓутоа, колективна одговорност, не може да има. Одговорноста мора да биде индивидуална со посочување на оние чинители кои се огрешиле пред законот,“ вели Димитриевска.

Во средата и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева изјави дека не ја поддржува тезата за колективна одговорност.

Премиерот Христијан Мицкоски за членовите на Судскиот совет изјави дека се против реформите „затоа што удобно им е да седат во фотелји, да земаат плата и имаат само два проценти доверба.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата, вели Мицкоски

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР добило информација од Интерпол за повици за самоубиствата на деца на „Тик Ток“ и апелира за внимателност

Редакција

Во Собранието продолжува расправата за реконструкција на Владата

Редакција

Историски чин: Вселенската Патријаршија ја призна македонската црква за канонска, повеќе не е во раскол со сеправославниот свет

Редакција