Денеска се отвара пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои ги изгубија своите домови во Источна Македонија.
Пунктот е до Ист гејт мол во Скопје (до комуналното претпријатие и супермаркетот Еконас) во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин.
Волонтерите ќе работат од 16 до 20 часот.
Материјални добра кои се најпотребни: конзервирана храна, душеци, ќебиња, чаршафи, перници, облека сочувана исперена и сортирана (машка или женска. Величина и возраст – обележана на ќесата) и патики машки или женски, сите броеви во ќеса дезинфицирани.
За мебел, покуќнина и градежен материјал ќе има одделни соопштенија откако ќе завршат сите можни опасни состојби и чистење на теренот.
Лекови и дезинфекциони средства веќе се собираат.
“Контакт телефон за Скопје: 070 6010 68 (од 09.00 до 21.00 часот. Пишете ни на Вибер и ватс уп во случај ако сме зафатени).
Ако сакате да донирате во Скопје, но немате превоз да донесете пишете во коментар од која населба сте ние ќе ви вратиме на коментарот.
Сите кои сакате да волонтирате или да помогнете со локален транспорт/превземање на донациите пишете ни на официјалниот број или на Вибер. 070 601 068 од 09-21 часот,“ се вели во апелот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвениот крст отвори линија за помош на настрадените од пожарите, како да помогнете
Фото: Општина Пехчево