Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска е во прва посета на Бугарија, а од нејзиниот Кабинет информираа дека во Софија ќе се сретне и со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Покрај средбата со Радев, таа таму ќе присуствува и на настапот на Македонската национална опера и балет, која во софиската опера ќе ја изведе „Набуко“ од Џузепе Верди.
Пред извесно време Сиљановска Давкова во Скопје ја проследи и претставата на Софиската опера и балет во рамки на 52. Мајски оперски вечери во Скопје, што предизвика голем интерес кај бугарските медиуми.
Во македонската делегација ќе биде и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски, Сиљановска Давкова и Љутков во официјална посета на Бугарија, во петок
Фото: Кабинет на претседателката