еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

80 општини доставиле 357 проекти за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет

80 општини доставиле 357 проекти за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет, информираше денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

„Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот.

Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства треба да изготват предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука да ја достават на усвојување на владина седница.

Очекуваме, до крајот на месецот, да заврши целокупната процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат со државните пари,“ изјави Перински.

Во оваа прва фаза, општините ќе бидат поддржани со близу 100 милиони евра, а веќе од следната година ќе бидат достапни нови 250 милиони евра, за кога е планиран и нов повик.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ламбе Алабаковски со „Оган да го гори“, прва песна од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Стечајот на Еуростандард банка ја „парализира“ Поштата: Запрено плаќањето на сметките, исплата на пензии…

Редакција

Поради стечај, акциите на Топлификација исклучени од котација на Македонската берза

Редакција