Голем број граѓани жители на Аеродром, но и од другите населби на Скопје денеска излегоа на протест со барање да се стопира изградбата на голем станбен комплекс на зеленилото кај Мајчин дом.
Граѓаните се револтирани и бараат оставка од градоначалникот Златко Марин кој во изборната кампања вети дека ќе ја стопира изградбата на овој објект и врз база на тоа ветување беше избран на функцијата.
Сепак, откако стана градоначалник тој заборави на ветувањето и продолжи да работи како своите претходници.
„Со сила го ставате, со сила ќе го бутнеме“, велат протестантите.
До кога ќе се силуваат населбите, малкуте зелени површини во градот и жителите на градот, за нечии лични профитерски филмови, до кога?? Продавање на дел од тревниците од Аеродром, па можеби единствената населба во Скопје која има(ше) испроектирано во самиот план да има зелени површини меѓу зградите, е еднакво на криминал! Да продадеш јавна површина, која во урбанистички план е смислена и наменета за парк, и потоа да го пренамениш паркот/тревникот во маркица за цел блок згради, е слика за криминалната спрега помеѓу јавни и приватни субјекти во земјава и доказ за тоа дека сВе тука може да се поткупи, и секој закон и ред може да се заобиколи ако некој има доволно да плати на неколку прави места. Аеродром е најзагадена населба во Скопје, а можеби и во цела земја. Малкуте паркови кои останаа, се веројатно единствената причина заради која голем дел од нас избрале и продолжуваат да живеат тука. Наместо да се преземе нешто со цел да се подобри состојбата, Аеродром стана второ Скопје 2014та= едно големо, прашливо градилиште заградено со тараби. Ние, жителите на Аеродром, и на Скопје, ова повеќе не смееме да го дозволиме. Постои начин за сВе ако се сака, општина Аеродром и Zlatko Marin нека не прават залудни и лоши прес конференции на кои ќе ни кажуваат дека нема решение. Тоа е неприфатливо. Решение мора да се најде. Нема да дозволиме. #протестирам
Posted by Donka Batakoja on Вторник, 09 октомври 2018
Фото/Видео: Фејсбук/Сакаме Аеродром да дише/Донка Батакоја
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот
(Видео) Граѓаните на протест против изградбата на висококатница во Аеродром