Цивилизираноста на новата влада на Македонија допрва ќе се оценува, се вели меѓудругото во реакцијата на Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев за изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, кој за неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за домаќинот Радев рече дека очигледно не е цивилизиран и дека помизерни од нив се само домашните слуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува во насока дали ќе продолжи да биде дел од кампањите за поттикнување омраза кон Бугарија или ќе се спротивстави и ќе ги почитува меѓународните договори, со нејзината посветеност за имплементација на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ.
Припадноста кон обединета Европа бара вистинска волја, систематски напори и конкретни резултати, велат од Кабинетот на Радев, од каде за изјавата на Николоски велат и дека е манипулирање со фактите и е хистерична.
-Манипулирањето со фактите и хистеричните реакции на владата на Република Северна Македонија не влеваат оптимизам дека нашиот југозападен сосед сака односите со Република Бугарија да го напуштат полето на провокации и оркестрирани скандали, велат од таму..
За неговиот Кабинет изјавата на Николоски е уште една навредлива квалификација кон Бугарија од страна на претставник на македонската влада.
-Отворениот и конструктивен дијалог, дури и на неформалниот состанок, каков што се одржа меѓу претседателите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија на 13. ноември, очигледно длабоко вознемири одредени кругови во владата на РСМ, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Кабинет на претседателката