Малопродажните цени на бензините Eуросупер БС-95 и Eуросупер БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денар по литар, а на дизелот за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука бензинот Eуросупер БС-95 ќе се продава за 75 денари за литар, Eуросупер БС-98 за 77 денари, а дизелот за 67,50 денари за литар.
Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 денари.
За 0,499 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,827 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.