еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската армија доби 13 милиони евра помош од Советот на ЕУ

Македонската армија доби помош од 13 милиони од Советот на Европската Унија (ЕУ) во рамките на Европскиот мировен фонд, пренесе државната агенција МИА.

„Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ и другите меѓународни мисии“, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.

Тоа, според Советот, ја одразува поврзаноста на ЕУ со земјава во областа на безбедноста и одбраната.

Европскиот мировен фонд за македонската армија ќе обезбеди технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, како и логистичка и инженерска опрема, но и комуникациски и информациски системи.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.161 случаи на Ковид-19 од 3.114 тестирања

Редакција

Судијата Наке Георгиев доби 30 дена притвор

Редакција

Балканот продолжува да се тресе: Денеска земјотрес во Грција, почуствуван и во Скопје

Редакција