Вчера со сечење на пита од 4,2 метри во Велес започна велешката „Питијада“.
Ја подготвија Зоранчо Илиевски, Стеве Костадинов, Георгиј Јамалов, Благојче Николов, Александар Панов, Паскал Јамалов, Лазе Коцевски и Александар Јамалов од Фурна Гемиџии.
За истата се употребени 15кг. брашно, 25кг. тесто, 40кг. месо и 330 јајца.
Собрани средства од продажба на питата ќе се употребат за хуманитарни цели.
Синоќа настапија групата Соната, Бојана Скендеровски, Слаткаристика и Суперхикс.
Вечерва настапуваат Спасен Сиљаноски, Александра Јанева, Мики Секулоски и Саша Ковачевиќ, а утре Огнен Здравковски, Благоја Грујоски, Елена Ристеска и групата САРС.
Фото: Општина Велес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.