еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Градењето на гасоводот на Водно продолжи на државен празник

Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) денеска соопшти дека почнаа активностите за продолжување на изградбата на магистралниот гасовод откако е постигната согласност со граѓанските активисти.

Станува збор за магистралниот гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно.
– МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година се почнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот кон Шишево, се наведува во соопштението од МЕР.

Од друга страна активистите велат дека „и покрај сите ветувања дека нема да се продолжи со копање на Водно додека траат преговорите и консултациите и се водат постапки преку државните институции, денес на државен празник, подмукло каква што е и целата постапка повторно се отпочна со работа.“

„Институциите се глуви на аргументи. Инспекциите иако јасно се известени за будност и натаму се пасивни во ситуација кога министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјавува дека голем дел од средствата нема да се искористат за изградба на гасоводот и ќе се пренаменат за други проекти.

Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи на прашањето дали ќе продолжи изградбата на гасоводната траса преку Водно или ќе запре поради прекројувањето на државната каса, изјавува дека кога ќе добијат дозвола за изменетата траса преку Водно (не е добиена) од Министерството за транспорт и врски, тогаш ќе продолжат со изградба на гасводот на тој потег. Нема решение за сеча од Град Скопје. Нема никаков официјален документ издаден од државна институција за изменетата траса. Официјалните документи покажуваат стара траса со 25 метри широчина“, реагираат активистите.

Тие бараат веднаш да престанат градежните активности и да се отстрани градежната механизација.

„Имаме очигледни празни ветувања, за кои не постои ниту намера да се исполнат. Уништувањето на Водно продолжува и тоа на државен празник“, велат од „Го сакам Водно“.

Фото: Фејсбук-профил на „Го сакам Водно“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

Редакција

Каков имот пријавил Александар Климовски, новиот директор на Државна лотарија

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува шест лица, плати до 29.693 денари

Редакција