еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Мицкоски поголем оптимист и посреќен за европската иднина на Македонија по средбите во Берлин

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој е во Берлин, Германија, на Самит на Берлинскиот процес, за националната телевизија МТВ, вчера изјави дека е поголем оптимист и посреќен за европската иднина на Македонија по средбите таму.

Токму од средбите во Берлин, како што најави претходно ќе зависи и содржината на писмото кое ќе го праќа до европските институции.

-Убеден сум и посреќен сум денеска дека после оваа посета во Берлин, а и после овој Самит, дека конечно и ние наскоро ќе бидеме дел од европското семејство, нешто коешто го заслужувавме многу порано, рече Мицкоски.

Вели и дека пораката која што во Берлин стигнала до него е дека Германија станува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите.

-И тоа е она коешто е важно за македонските граѓани, и за нас како држава.

Ценам дека и на билатералната средба, но и претходно на работниот ручек, и на почетокот на денот кога беше и официјалниот дел на состаноци, како резултат на овој берлински процес, и Самитот на самиот Берлински процес, можев тоа да го почувствувам и можев тоа да го видам, не само од канцеларот Олаф Шолц, туку и од останатите високи официјални лица, и премиери на земји членки на Европската унија (ЕУ), дека поддршката за нас во евроинтегративниот проце е огромна, и таа е, никогаш ниту била, ниту ќе биде доведена под знак на прашање,  вели Мицкоски.

Нагласи и дека останува подготвен да разговара со било кого за да се изнајде решение коешто ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај, а крајот треба да биде членство на Македонија во во ЕУ.

-Средбата со Шолц беше исклучелно корисна, пријателска, искрена. На средбата беа разменети позиции и ставови поврзани по овие, но и по останатите геостратешки прашања коишто се важни за македонските граѓани.

Многу е сложена операцијата, би рекол, како малуброен народ и помала држава да ги браните националните интереси, но ние ќе ги браниме. Оваа Влада ќе ги брани. Ние не водиме дипломатија на свиткана кичма, туку водиме дипломатија која што се темели на аргументи. Не водиме дипломатија со која ќе прифаќаме се што ќе ни биде поставено на маса, туку водиме дипломатија во која што ќе ги браниме интересите на нашите граѓани, на нашата татковина, а истовремено и ќе работиме со нашите партнери.

Германија е наш најголем поддржувач, наш партнер, и убеден сум дека заедно ќе можеме да ги надминеме сите оние предизвици коишто се исправени пред нас, и дека ќе се радуваме конечно на членството на нашата татковина во рамките на ЕУ, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите од Западен Балкан од 2025 до 2028 година треба да создадат единствен регионален пазар

Во Берлин кратка средба на Мицкоски со грчкиот министер за надворешни Герапетритис

Мицкоски во Берлин на состанок на шефови на влади на земјите од Западен Балкан

Фото/видео: Влада/МТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски објаснува која вакцина против Ковид-19 би ја избрал и зошто

Редакција

Ескобар од Скопје: САД со европските партнери работи за брза евроинтеграција на Македонија

Редакција

Без прифатлив предлог, штрајкот не може да прекине, велат од СОНК

Редакција