еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор – извршена уште една трансплантација на хируршките клиники

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор, информираат од Министерство за здравство.

„Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација.

Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација,“ изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Од Министерство додаваат дека за жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи.

„Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување.

Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот,“ се додава во соопштението.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови авио-дестинации

Редакција

(Видео) Ужасна трагедија во Словачка: Во сообраќајна несреќа загинаа најмалку 13 средношколци

Редакција

ДИК „најде“ технички грешки во изборните резултати: Повеќе важечки и неважечки ливчиња

Редакција