еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе стане ли Македонија „Северна Македонија“: Кои други земји го смениле името

Се понеизвесно станува дали уставните измени, (меѓу кои и промената на името од Македонија во Северна Македонија), кои се предвидени со договорот со Грција, ќе поминат во Собранието.

Работите ќе бидат појасни веќе во понеделник, (а можеби и порано), откако за истите треба да расправаат пратениците.

Предлогот на Владата за уставни измени вчера поминаа на Комисијата за уставни прашања, а за него гласаа ЗА, 10 пратеници, а 7 ПРОТИВ.

КОИ ЗЕМЈИ СИ ГО СМЕНИЛЕ ИМЕТО

Уште по потпишувањето на договорот за името со Грција, прашањето за името на Македонија побуди голем интерес кај странските медиуми, некои како британскиот јавен сервис Би-Би-Си направија и мапа со новото име, а дел од европските политичари, меѓу кои и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас од време на време почнаа да го користат новото предвидено име-Северна Македонија.

Американската војска пак отиде и подалеку, па ги нарече македонските војници-северномакедонски војници, иако тоа не го предвидува договорот, па по реакциите во јавноста ја смени информацијата и се извини.

Северномакедонци не нарекоа и неколку ЕУ пратеници, па и тие се поправија и извинија.

Други пак медиуми како Си-Ен-Ен или Нешнл Географик се занимаваа со тоа кои други земји го смениле името.

Па така неодамна Си-Ен-Ен објави дека во 1989 година Бурма го сменила своето име во англиски превод Мјанмар, а во 1997 година Заир станал Демократска република Конго или ДРК, и покрај тоа што непосредниот сосед е именуван Република Конго.

Во 2016 година Репблика Чешка се обидела да се прекрсти во Чехија, но тоа не поминало.

Нешнл Географик, пак во слична анализа објавена пред неколку дена пишува дека во април 2018 година, по повод 50-годишнината, Свазиленд, последната африканска апсолутиситчка монархија, станала Кралство еСватини.

На овој линк можете да ја видете цела листа на земји на Нешнл Географик (прилично непознати) кои си го смениле името.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од владиниот предлог за промена на Уставот

Милошоски по гласањето во собраниската комисија: Се покажа дека нема двотретинско мнозинство

Собраниската комисија изгласа да се почне со уставни измени

Американската војска не нарече „Северномакедонци“, па се извини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж преставувајќи се како вработен во АНБ на управител на фирма му изнудил пари, накит и автомобили

Редакција

Хит видео во регионов: Професори пееа и играа за учениците на матурска вечер во Сплит

Редакција

Донесен ребалансот на Буџетот

Редакција