еМагазин
Image default
Македонија

Зошто Бранко Црвенковски и Талат Џафери ги немало на избирачкиот список

Во интервју за Инфомакс, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, објаснува зошто во избирачкиот список ги немало поранешниот премиер и претседател, Бранко Црвенковски и актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

“Се работи за управни постапки кои се водат пред МВР. Кога Вие менувате било кој детал од вашата лична исправа, дали менувате адреса, дали е истечен рокот, во случај еве на Талат Џафери, по проверката се востанови дека се работи за промена на личните документи, им поминал рокот на старите документи, се ваделе нови лични документи. Во таа ситуација, додека заврши таа управна постапка Вие не сте во избирачкиот список. Тогаш Вие самите треба да се пријавите во избирачкиот список“, вели Деркоски.

Ист е случајот и со Црвенковски, додава Деркоски и објаснува дека тоа е динамична категорија која постојано се менува.

Црвенковски и Џафери не беа единствените граѓани кои не успееа да се најдат на избирачкиот список за време на гласањето за референдумот. Токму тој проблем беше најчестата поплака на граѓаните до ДИК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Цивил“: Бранко Црвенковски избришан од избирачкиот список

Талат Џафери не гласал, го немало на избирачкиот список

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Редакција

(Фото) Силјановска објави заедничка фотографија со Киро Глигоров

Редакција

(Видео) Откриена ковачница за лажни монети евра, уапсен и полицаец

Редакција